Почетино за врската со Јунајтед: Па, не сум дете!

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Почетино вели дека е посветен на својата работа, откако англиските медиуми веќе го прогласија како наследник на Оле Гунар Солскјер на клупата на Манчестер јунајтед.

Почетино е фаворит на обложувалниците за клупата на „Олд Трафорд“ откако шпекулациите велеа дека несреќен во Париз, а дека неговиот сегашен тим веќе го контактирал Зинедин Зидан да биде негов наследник. Но, Аргентинецот, кој денеска пристигна во Манчестер за мечот со Сити во ЛШ, вели дека е фокусиран на својата работа и дека има повеќе од една година од неговиот договор со ПСЖ.

 

 

„Среќен сум во Париз, го знам градот добро како играч и тренер, и секогаш сум живеел во ваква ситуација. Работите се случуваат кои се надвор од мојата одговорност. Ако ме прашате ќе ви кажам дека сум среќен во Париз. Фокусиран сум на фудбалот. Не сум дете. Цел мој живот го поминав играјќи фудбал, а сега сум тренер. Ние сме во бизнис каде што секогаш има шпекулации и го сфаќам целосно тоа. Но, не смеам да дозовлам да ми пречи. Шпекулациите се тука и морам да живеам со тоа. Мислам дека бев јасен – имам договор до 2023, тоа е оваа сезона и следната. Тоа е факт. Не е за дебата. Среќен сум во Париз“, изјави Почетино.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.