Лејкерси паднаа во Сакраменто, Бруклин го декласираа Чикаго

Изминатата ноќ во НБА лигата, осум играчи постигнаа 30 или повеќе поени.

Сакраменто Кингс ги изненадија ЛА Лејкерси (125:116). До 17.победа во сезоната, Кингс дојдоа благодарение на Диандре Фокс кој постигна 29 и Херисон Барнс, стрелецот на 23 поени. Лејкерси ги предводеше Леброн Џејмс со 34 поени.

 

 

Њујорк Никс ја прекинаа победничката низа на Далас Маверикс. Ар Џеј Берет постигна 32 поени за Никс, кои убедливо славеа со 108:85. Далас го предводеше Лука Дончиќ со 21 поен и 11 скокови.

Во дербито на Истокот, Бруклин Нетс ги декласираа Чикаго Булс со 138:112. Кевин Дурент постигна 27 поени, а Џејмс Харден мечот го заврши со 25 поени и 16 асистенции.

Бостон Селтикс славеа победа над Индијана Пејсерс 119:108. Половина од поените на Селтикс ги постигнаа Џејлен Браун (34) и Џејсон Тејтум (33).

Шарлот Хорнетс ја продолжија серијата на добри резултати. Хорнетс со 109:98 триумфираа во Филаделфија. До победата ги предводеше Гордон Хејворд со 31 поен, колку што постигна и центарот на Филаделфија, Џоел Ембид.

Ефикасен меч, во кој најефикасен беше ветеранот Ерик Гордон, одиграа ривалите од Тексас, Хјустон и Сан Антонио.

Хјустон славеа победа 128:124, Гордон мечот го заврши со 34 поени. Трипл-дабл во редовите на Сан Антонио забележа Дежонте Мареј (32 поени, 10 скока, 11 асистенции).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.