Хрватите во луд натпревар пропуштија +5, за на крајот да ги поматат сметките на Исланд

Хрватска и покрај тоа што ги загуби шансите за пласман во полуфинале на Европското првенство, со 23:22 ги совладаа Исланѓаните, така „поматувајќи“ им го нивните планови за пласман во борбата за медали.

Исланд имаше фантастично прво полувреме во кое имаше 5 гола предност (10:5), која спадна на +2 на полувреме, но потоа во 13 минути во второто полувреме не постигнаа гол, и Хрватите поведоа со 20:15. По ова следуваше уште една резултатска „клацкалка“ – Исланд дојде до 22:21 предност, пред да пропуштат два напади, и вардарецот Анте Гаџа во финишот да ги шокира „рибарите“ за победа.

 

 

Со победата, Хрватите остануваат во игра за третото место во групата, кое може да води во борба за петто место на шампионатот, место кое може да донесе до пласман на Светското првенство во 2023 – Данска е квалификувана како шампион, Шведска и Полска како домаќини, така што и петтото место може да носи директен пласман. Ова беше шести меѓусебен дуел на Хрватска и Исланд на ЕП, и сега Хрватите имаат 5 победи и 1 реми.

За Исланѓаните, ова е незгоден пораз кој доаѓа по славната победа над Франција и ова е резултат кој најмногу им одговара на „триколорите“. Данците остануваат лидери во првата група со 6 поени пред вечерашниот меч со Холандија, Французите и Исланѓаните се на 4, а Холандија, Хрватска и Црна Гора имаат по два поени.

ЕУРО 2022, УНГАРИЈА/СЛОВАЧКА

Исланд – Хрватска 22:23 (12:10)

Данска – Холандија 18.00 ч.

Црна Гора – Франција 20.30 ч.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.