Бектеши најави дека утре ќе поевтини тоалетната хартија, во текот на неделата и овошјето и зеленчукот

Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека најверојатно утре, на владина седница, ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во текот на оваа недела ќе бидат замрзнати и цените на дел од овошјето и зеленчукот.

„Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието. Со одлука на Владата ќе ги намалиме цените на лепеза хигиенски прозводи на истиот начин како што тоа го сторивме и кај цените на прехранбените производи, до одреден датум, но датумот до кога ќе трае замрзнувањето ќе се дознае утре“, појасни Бектеши по посетата на скопски маркет во населбата Тафталиџе, заедно со преимерот Димитар Ковачевски и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

Во врска со цените на овошјето и зеленчуот министерот за економија нагласи дека вчера ги добил анализите од Министерството за земјоделство.

„Денеска мојот тим работи, најверојатно цените на повеќе од пет-шест производи ќе бидат замрзнати во текот на оваа недела. Ги чекаме и анализите од Царинската управа за увозните цени на трговците за да видиме колку е разликата во делот на маржите“, нагласи Бектеши.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.