Поскапува мазутот, цената на бензинот и на дизелот не се менува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 отсто во однос на одлуката од 19.2.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 0,829 %, кај дизелот 2,669 %, кај екстра-лесното масло 1,719 % и кај мазутот зголемувањето е 3,215 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,015 %.

Од 23.2.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 83,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 85,50 (денари/литар)

Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 80,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 77,50 (денари/литар)

„Мазут М-1 НС“ – 42,901 (денара/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98 и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 1,020 денар/кг и сега ќе изнесува 42,901 денара/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 23.2.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.