Николовски од увидот на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка: Пратениците да се издигнат, блокадата мора да заврши и да се донесе законот за грант средства за финализирање на овој проект

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со претседателот на Владата, Талат Џафери, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми и градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на терен денес извршија увид во изградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.

Не постои економски силна држава без силни градови и региони, истакна министерот Николовски во својата изјава, при увидот во активностите за изградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.

„Ние којшто сме тука од овој крај, најдобро знаеме колку беше запоставен североистокот, но и колку секојдневно се боревме во овие години, да токму се развива североистокот, да има градежна експанзија како денес и тоа што недостигаше во минатото, да се надомести во овие години. Колку што се радуваме и очекуваме што побргу овој проект да заврши, токлу се чудам зошто, на крајот, пред самото завршување со реализацијата на овој капитален проект од над 100 милиони евра, како дел од Коридорот 8, се наидува на една блокада од Собранието, односно од комисијата за финасирање и не се дозволува да истиот се заврши“, изјави Николовски.

Според него, изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка е важна капитална инвестиција. За нејзино целосно комплетирање, неопходно е донесување на Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта.

„Токму од тука ја праќаме пораката сите пратеници, да се издигнат, ова не е нечииј личен интерес. Ова не е партиски или политички интерес, овој проект е интерс на граѓаните, на североистокот и веднаш треба да се донесе законот со кој се овозможуваат 14 милиони евра, грант за финализирање на овој проект. Верувам дека разумот ќе надвладее и дека оваа 2024 година граѓаните ќе го користат овој пат“, изјави Николовски.

Нагласи дека североистокот, денес, доживува инфраструктурна револуција, истакна министерот Николовски. Покрај изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка се врши реконструкција на постојниот магистрален пат Куманово-Страцин, потоа проширувањето на патот кон Деве Баир, реконструкција и иградбата на нови патишта кон руралните средини од овој крај. Како и реализација на многу други, бројни инвестиции, вложувајќи во реконструкција на училиштата, детските градинки, болници, изградба на домови за стари лица, водоводи, плоштади и спортски терени.

Во периодот кој ќе следи нема застанување. Развојот на североистокот продолжува, проектите за кои се работеше проектирање и подготовка на техничка документација, веќе се зрели и спремни за инвестирање, како рехабилитација на државниот пат А2 – обиколницата во Крива Паланка и рехабилитација на државвни и локални патишта кон селата Мождивњак, Кошари и Дурачка Река. Потоа во подготовка се и студиите за брана на реката Киселичка, уште еден крупен проект за североистокот, потоа браната Вакуф и изградбата на ски ресорт на Царев Врв, вели тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.