Се намалуваат цените на бензинот и на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38 % во однос на одлуката од 4.3.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,402 %, кај дизелот намалување од 1,156 %, кај екстра-лесното масло има намалување од 0,607 % и кај „мазутот“ зголемувањето е 1,050 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,226 %.

Од 12.3.2024 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 82,50 (денара/литар)

моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 84,50 (денари/литар)

дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,50 (денари/литар)

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,00 (денари/литар)

„мазут М-1 НС“ – 44,019 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува з,267 денари/кг и сега ќе изнесува 44,019 денари/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 12.3.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.