„Скајп“ заминува во историјата

 

По една година одржување „на апарати“, „Скајп“ официјално ќе биде исклучен денеска.

 

„Мајкрософт“ веќе некое време најавува затворање на некогаш исклучително популарната апликација за видео повици „Скајп“. Од денеска, оваа апликација повеќе нема да биде достапна, а „Мајкрософт“ им советуваше на корисниците да мигрираат на новото решение на компанијата.

 

„Почнувајќи од мај, ‘Скајп’ повеќе нема да биде достапен. Продолжете ги вашите повици и разговори преку ‘Тимс’“, им соопшти „Скајп“ на корисниците претходно оваа година.

 

„Скајп“ беше првата платформа што им овозможи на корисниците пристап до бесплатни аудио и видео повици од компјутер до компјутер низ целиот свет од 2003 година и ги донесе фиксните и мобилните повици на интернет.

 

„Мајкрософт“ вели дека неговата цел е да ја поедностави понудата за корисниците и да се фокусира на сопствената моќна бизнис платформа, „Тимс“. Токму кон „Тимс“ ќе бидат пренасочени милионите преостанати корисници кои останаа лојални на „Скајп“, а тоа ќе се случи во наредните денови и недели.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.