УЈП до даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност: Започната е постапка на обнова на јавниот клуч

 

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност дека е започната постапка на обнова на јавниот клуч, кој се користи во постапката на декриптирање на МПИН пресметките поднесени преку клиентскиот софтвер при нивната обработка.

 

Соодветно, како што соопштија од таму, ќе има одреден краток прекин во обработката на МПИН пресметките кои се изготвени преку клиентскиот софтвер, кој ќе трае до завршување на процесот на обнова на јавниот клуч.

 

„Во овој контекст, ги повикуваме даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност да не поднесуваат МПИН пресметки, изготвени преку клиентскиот софтвер, се до завршување на постапката на обнова на јавниот клуч. Сите МПИН пресметки поднесени до оваа објава преку е – пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., ќе бидат обработени. Напомнуваме, дека оваа постапка нема да има влијание на обработката на МПИН пресметките поднесени преку системот е-даночни услуги. По завршување на целокупниот процес, Управата за јавни приходи ќе излезе со дополнително соопштение и насоки за понатамошно постапување во однос на преземање на новиот јавен клуч на Управата за јавни приходи и поднесување на МПИН пресметките“, се нагласува во официјалното соопштение од УЈП.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.