РКЕ: Течат роковите во кој носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности треба да поднесат барање за промена на истата

Од денес, 29 мај до 30 јуни тече рокот во кој носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности, вклучувајќи ги и носителите на лиценци за пробна работа треба да поднесат барање за промена на лиценца до Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) согласно одредбите од новиот Закон за енергетика, во спротивно лиценцата ќе престане да им важи, информираат надлежните.

 

„Барањето за промена може да се преземе од веб страницата на РКЕ Барање за промена.docx или во архивата на РКЕ. За секоја лиценца се поднесува поединечно барање за промена, односно не може со еден образец да се поднесе барање за промена на повеќе од една лиценца.

 

Барањето за промена ќе се смета за уредно доколку биде доставено до архивата на РКЕ, или пратено до официјалната електронска пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или пратено по пошта во наведениот рок при што ќе мора подносителот да достави доказ за приемен датум од пошта на официјалната електронска пошта“.

 

За промена на лиценцата по овој основ на носителот, како што е појаснето во информацијата, не му се наплаќа надоместок за постапката за менување на лиценцата.

 

„Во исто време ги информираме сите носители на лиценци за пробна работа дека согласно новиот Законот за енергетика лиценците за пробна работа ќе може да се продолжат исклучиво заради тестирање на техничките перформанси на енергетскиот објект и влијанието врз енергетскиот систем на којшто е приклучен, други основи не се предвидени. Напоменуваме дека одредбите од новиот Закон за енергетика не предвидуваат привремена лиценца“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.