Се зголемува интересот кај компаниите за стандардизација

Кај македонските компании се зголемува свеста и интересот за стандардизирање на производите и услугите.

Примената на стандардите ги отвора пазарите, ја јакне конкурентноста, но придонесува и за заштита на околината, сигурноста, безбедноста, здравјето, пристапот до информации и знаењето, беше речено на денешната прес-конференција во Министерството за економија по повод 14 Октомври, Светскиот ден ма стандардизацијата.

 

Стандардизирањето е доброволно, но значи голема предност за секој бизнис субјект. 

 

- Македонија извезува најмногу на европскиот пазар каде не може да се пласира нешто ако не е согласно соодветните барања и критериуми. Ова значи дека сме во тек со таквите барања и услови, но нашата цел не е само европскиот, туку светскиот пазар, истакна министерот за економија Крешник Бектеши.

 

Според директорот на Институтот за акредитација Џевад Кицара, Македонија досега има усвоено 28.000 стандарди во различни сфери.  

 

- Ако сакаат да бидат конкурентни, малите и средните претпријатија мора да имплементираат стандарди, нагласи Кицара.

 

Годинашната порака на Светскиот ден на стандардизацијата се однесува на Четвртата индустриска револуција, на новите „паметни“ технологии, вештачката интелигенција и роботиката.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.