Горивата повторно поевтинуваат! За 13 денари е намалена цената на бензините за еден месец

Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5, а на дизел горивата за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

 

Новата цена Еуросупер 95 е 61,5 ден/лит, а на Еуросупер 98 изнесува 63,5 ден/лит.

 

Литар Еуродизел пак, ќе се продава за 58,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 47,00 денари.

 

Поевтинува и мазутот за 1,789 денари и еден килограм ќе се чини 30,037 денари.

 

Цените на горивата за месец дена се намалени за повеќе од 10 денари, односно бензините се намалени за 13 денари, а дизелот за 10,5 денари. На 30-ти октомври цената на Еуросупер 95 изнесуваше 74,5 ден./л , на Еуросупер 98 76,5 денари и дизелот 69 ден/лит.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.