Граѓаните воопшто не се запознаени со мерките за вработување

Во 2018 и 2019 година во однос на 2017 година е намален износот на средства што се издвојуваат за спроведување на активните програми и мерки за вработување, односно за 44 отсто или 437 милиони денари, рече програмскиот координатор Дарко Антиќ од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ на денешната национална конференција „Дали и колку граѓаните чувствуваат бенефит од спроведувањето на активните мерки, програми и услуги за вработување“.

 

-Оние програми и мерки што се предвидени во оперативните планови на Агенцијата за вработување на РМ и кои што имаат најголеми фискални импликации врз буџетот на РМ се програми што се оценети од странa на граѓаните како делумно задоволитени или воопшто незадоволителни, а тоа се: Програмата за самовработување и програмата Македонија вработува, односно субвенционираното вработување, рече Антиќ.

 

Антиќ наведе и дека според анализите што ги спроведувале во рамките на овој проект покажуваат дека во периодот од 2014 година до 2017 година постои тренд на зголемување на средствата што се издвојуваат за АВРМ, односно на годишно ниво во просек од 10 остсто се зголемуваат приходите на Агенцијата, а од нив се искористуваат само 26 отсто.

 

-За целокупното работење на Агенцијата за периодот од 2014 година до 2017 година се потрошени 128 милиони евра, а воедно во истиот период се намалила стапката на невработеност за пет процентнти поени, рече Антиќ.

 

Билјана Јовановска, директор на Агенција за вработување на Република Македонија рече дека новитет е дека на веб-страната на АВРМ постои апликцаија преку која транспаренто се покажува како се трошат средствата од посебниот фонд кој изнесува околу 20 отсто од буџетот за активни програми и мерки за вработување, а додека пак буџетот за активни мерки изнесува 36 отсто од вкупниот буџет на Агенцијата.

 

-Правото на евидентирање како невработени лица во АВРМ, како и за учевство во активните програми, мерки и услуги за вработување е на доброволна основа, а невработените лица, а вклучувањето во одредени мерки или услуги е врз основа на нивниот интерес и исполнување на условите и критериумите дефинирани за секоја пооделна програма, мерка и услуга за вработување. Јавните огласи се транспарентни и достапни на веб-страната на АВРМ, на социјалните мрежи, а се објавуваат и во печатените медиуми. Со започнувањето на соработката со Здружението ЕСЕ во рамките на националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година ја покажуваме нашата заложба за отвореност на нашите податоци, каки и транспарентност во однос за работата и активностите кои ги превземаме во насока на намалување на невработеноста во државата, изјави директорката Јовановска.

 

Јовановска информираше дека во 2018 година од вкупните 6.161 учесници во активните мерки за вработување 3.290 лица се жени или 53 отсто и 3.201 млади или 53 отсто.

 

Извршната директорка на Акција Здруженска Марија Савовска информираше дека она што загрижува е пристапот до мерките преку регистрација во АВРМ, бидејќи тоа е условот за да ги користат мерките и дека во Битола и Тетово не се пронајдени лица вработени како резултат на овие мерки.

 

-Она што го покажуваат податоците од испитаните лица е дека речиси половината воопшто не се регистрираат, а оние кои се регистрирани воопшто не се запознаени со мерките каде доминираат жените со околу 71 отсто. Кај вработените лица, мажи и жени, забележлив е родовиот јаз, бидејќи има повеќе мажи вработени преку мерките за вработување, и тоа од вкупниот број 43 се мажи, додека 27 се жени. Родовиот јаз се согледува и преку типот на отворање на бизниси што се отворени преку мерките за самовработување, односно се типични женски бизниси како фризерски салони, салони за разубавување, во млечната индустрија итн., рече Савовска.

 

Националната конференција е дел од активностите на Здружението ЕСЕ во рамки на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ што го спроведува во партнерство со Акција Здруженска и четири локални граѓански организации (Организација на жени на Струмица, Младински културен центар од Битола, Граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе, Женски форум од Тетово) со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на ИПА-програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2015.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.