Името Мастеркард заминува, останува знакот
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 08 Јануари 2019
Компанијата Мастеркард соопшти дека после повеќе од половина век ќе го отстрани своето име од логото, но ќе остане црвениот и жолтиот круг.
Со тоа Мастеркарт се придружува на неколкуте брендови како Најк и Епл кои во поголемиот дел од маркетиншкиот материјал се потпираат на слика, а не на име.
Мастеркард, се наведува во соопштението во компанијата, во последните години настојува да се позиционира како „технолошка компанија во индустријата на глобално плаќање".
Се верува дека 80 отсто од луѓето го препознаваат логото на Мастеркард иако не го содржи името на компанијата. Еден од директорите на маркетиншката компанија Метафорс Ален Адамсон нагласи дека „сликата кажува повеќе од зборовите".
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс