All for Joomla All for Webmasters

Во Јапонија спиењето на работно место станува дел од работните обврски

Јапонските работодавачи одлучија спиењето на работното место да стане дел од работните обврски на секој вработен.

 

Тоа не значи дека вработените ќе спијат на работното место туку ќе добијат соба за спиење.

 

Одлуката е донесена откако најновото истражување покажало дека поспаноста на вработените влијае врз нивната ефикасност, поради што јапонските компании годишно губат дури 138 милијарди долари.

 

Поради тоа предлогот на работодавачите и јапонското Министерство за здравство е вработените да имаат барем 30 минути за спиење.

 

Предлогот е прифатен од јапонската ИТ компанија „Нексбит" (Nextbeat) која обезбеди две „стратешки спални соби", кои се опремени со апарати за блокирање на бучава, кревети и софи, додека мобилните телефони, таблетите и лаптоповите се најстрого забранети.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.