Српскиот дел од гасоводот Турски тек ќе биде готов до крајот на 2019

Изградбата на српскиот дел од гасоводот "Турски поток" ќе биде завршена до крајот на 2019 година, изјави претседателот на Управниот одбор на "Газпром" Алексеј Милер во интервју за телевизијата "Русија 1".

 

Тој додаде дека должината на гасоводот во Србија ќе изнесува 403 километри.

"Гасоводот ќе се движи од српско-бугарската граница до српско-унгарската. Што се однесува до времето, линеарниот дел на гасоводот ќе биде изграден до крајот на 2019 година. Се планира и изградба на компресорска станица", додаде Милер.

Вчера рускиот претседател Владимир Путин, кој беше во посета на Србија, изјави дека Русија е подготвена да инвестира околу 1,4 милијарди долари во развојот на инфраструктурата во Србија, за да помине цевката на "Турски поток" низ земјата.

Проектот вклучува изградба на гасовод под Црното Море на европскиот дел на Турција и на границата со Грција. Гаспром ги смета Грција, Италија, Бугарија, Србија и Унгарија како потенцијални пазари за своето сино гориво.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.