Компаниите се уште не го користат доволно факторингот како финансиски инструмент

Свеста кај домашните компании за користење на факторингот како финансиски инструмент е прилично мала и се уште постои отпор за негова примена. Овој инструмент е особено погоден за извозно – ориентираните компании бидејќи им овозможува да ги продадат нивните производи со одложено плаќање, а притоа ризикот на наплата да го преземе фактор фирмата.

 

Станува збор за финансиски инструмент со кој една компанија ги продава своите побарувања од купувачите на фактор фирмата, а потоа таа ги наплатува побарувањата од должниците.

 

Сузана Димовска-Тунтева од „Фактор трас" ДООЕЛ Скопје вели дека нивната цел е да се зголеми свеста кај компаниите за користење на овој финансиски инструмент.

 

– Со помош на факторингот се овозможува преку продажбата на побарувањата на клиентите, компаниите да пристигнат побрзо до финансиски средства со што се зголемува нивната ликвидност, појасни Димовска-Тунтева на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.

 

Според неа, во последно време се зголемува интересот на компаниите за користењето на овој финансиски имструмент.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.