All for Joomla All for Webmasters

Недостигот на квалификувана работна сила се одразува на преработувачката индустрија

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производство во преработувачката индустрија имаат недостигот на квалификувана работна сила ( 26,8  проценти), недоволната странска и домашна побарувачка кои учествуваат со по 16,6  односно 14,9 проценти, како и неизвесното економско опкружување со 10,7 проценти.

 

Државниот завод за статистика денеска објави дека според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април во однос на март годинава е зголемен за 0,1 процент  и изнесува 20,8, а во однос на април минатата година е зголемен за 1,5 процентни поени.

 

Поповолна е оценката за економската состојба на фирмите од преработувачката индустрија во април во однос на март годинава на раководителите на фирмите од  овој сектор кои очекуваат да се зголеми бројот на вработените.

 

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април споредено со март годинава е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на март 2019 година.

 

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април годинава изнесува 69,5  проценти од нормалното искористување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.