Тројца професори ја делат Нобеловата награда за економија

Нобеловата награда за економија годинава им беше доделена на економистите Абиџит Банерџи, Естер Дифло и Мајкл Кремер.

 

Наградата им беше доделена за нивниот експериментален пристап кон ублажување на глобалната сиромаштија, односно за нивната работа на намалување на сиромаштијата на глобално ниво.

 

И покрај неодамнешните драматични подобрувања, едно од најгорливите проблеми на човештвото е намалување на глобалната сиромаштија во сите нејзини форми, рекоа од Акандемијата.

 

Банерџи и Дифло се професори на Технолошкиот институт во Масачусетс, додека Кремер е професор на универзитетот Харвард. Дифло е втората жена во историјата што ја доби Нобеловата награда за економија и исто така досега е најмлада добитничка на таа престижна награда.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.