ЕУ ѝ дозволи на Грција предвреме да отплати дел долгот кон ММФ

Европскиот стабилизационен механизам (ЕСМ), спасувачки фонд на еврозоната, прифати да ѝ овозможи на Грција предвреме да отплати дел од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

 

Со овој потег, кој се однесува на кредитот во вредност од 2,7 милијарди евра, на Атина ѝ се овозможува да ги намали трошоците за сервисирање на долгот затоа што заемите од ММФ носат повисоки камати отколку што сега Грција би платила на домашниот пазар.

 

Одлуката следува по барањето што грчката влада го упати до ЕСМ во септември во врска со отплата на дел од кредитот од ММФ, во вкупна вредност од девет милијарди евра.

 

Шефот на спасувачкиот фонд, Клаус Реглинг, рекол дека предвремената делумна отплата на долгот ќе биде во корист и на Грција и на ЕСМ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.