Месечен младински додаток по 3.000 денари за сите млади вработени во производна дејност
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 14 Ноември 2019
Владата на седница гo утврди предлог-законот за младински додаток, предложен од Министерстовото за труд и социјална политика.
„Со младинскиот додаток поттикнуваме вработување на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование. На овој начин истовремено придонесуваме за подобрување на нивниот животен стандард и ги задоволуваме потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила. Младинскиот додаток ќе биде во висина од 3.000 денари месечно и ќе им се исплаќа на млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование“, појаснуваат од Министерството.
Младински додаток може да користи младо лице кое ги исполнува следните услови: е опфатено со задолжително социјално осигурување по основ на вработување кај работодавач или самовработување со претежна производствена дејност; е вработено во приватна агенција за вработување и е отстапено на работа кај работадавач со претежна производствена дејност или е опфатено во задолжително социјално осигурување како индвивидуален земјоделец.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс