Невработеноста во Германија на рекордно ниско ниво

Невработеноста во Германија се спушти на најниско ниво од обединувањето на поранешните земји од Источна и Западна Германија во 1990 година, објави германската Федерална агенција за вработување (БА).

 

Бројот на невработени во ноември бил 2,18 милиони луѓе или стапката на невработеност изнесувала 4,8 проценти.

 

Во ноември, бројот на невработени се намалил за 24.000 лица во однос на претходниот месец, а шест илјади помалку отколку во истиот период лани, покажуваат податоците.

 

Со регистрирани 736.000 работни места во Бирото за вработување, побарувачката за труд останува голема.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.