Германските тајни служби очајни за ИТ стручњаци - бараат работници со огласи во јавниот превоз

Германските тајни служби објавуваат огласи преку кои бараат ИТ работници, научници и други соработници во јавниот превоз, фитнес-клубовите и други слични места со надеж дека ќе досегнат до најсоодветните кандидати, пишува „Дојче веле“.

 

Така, метрото од средство за јавен превоз, прерасна и во локација за необични понуди за работа.

 

„Прави добро во тајност“ е слоганот што го користи Федералната служба за заштита на уставниот поредок за да регрутира соработници, а пораката на Федералната криминалистичка служба гласи „Прави ги нештата правилно“.

 

Речиси сите владини и јавни институции, не само полицијата, се во голема потрага по ИТ професионалци. Не само за компјутерски криминал и интернет безбедност, туку и од областа на социјалните мрежи, вели Томас-Габриел Радигер, криминолог од високата полициска школа во Бранденбург.

 

„Пронаоѓањето на вистинските луѓе за слободните работни места е голем предизвик и на федерално и на покраинско ниво бидејќи има широка побарувачка“, додава тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.