ЕУ ги зголемува средствата за борба со коронавирусот на 37 милијарди евра

Европската комисија денеска изрази подготвеност да обезбеди 37 милијарди евра за борба против ширењето на коронавирусот. Ова е зголемување од 12 милијарди евра во однос на првично најавениот одговор на епидемијата.

 

„Земјите на ЕУ треба да се чувствуваат слободни да преземат какви било мерки што сметаат дека се неопходни за заштита на деловните активности и на работниците во ова опкружување“, рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лаејн. Таа инсистираше на тоа дека мерките преземени против епидемијата треба да бидат пропорционални и доследни на европско ниво.

 

„ЕК им дава на владите максимална флексибилност во согласност со правилата за буџетска и државна помош“, објасни Фон дер Лејен.

 

„Предвидено е да се обезбедат 100 милијарди евра за заеми на мали и средни компании според инвестицискиот план Јункер. Ќе сториме се што можеме за да ги поддржиме луѓето и економијата“, рече фон фонд дер Лаејн. Таа додаде дека целосното затворање на европските граници не било пожелно. Таа рече дека би било оправдано да се преземат дополнителни санитарни мерки по должината на границите.

 

„Едностраните мерки не се добро решение“, коментира фон дер Лајн.

 

„Не можеме да ја запреме инфекцијата, но можно е и многу е важно да се забави неговото ширење, ЕУ може да се спротивстави на овој предизвик“, додаде претседателката на комисијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.