Цените на индустриските производи се пониски на месечно, а повисоки на годишно ниво

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2020 година продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 1.4 проценти на месечно ниво, а се повисоки за 0.3 отсто на годишно ниво.

Во март 2020, во споредба со февруари 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 5.3 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 1.0 процент и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.3 отсто.

Во март 2020, во споредба со март 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење  камен за 12.0 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6.8 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 1.8 %.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски за 2.1 % на месечно ниво, а се повисоки за 0.5 % на годишно ниво.

Во март 2020, во споредба со февруари 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 7.5 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 1.7 %.

Во март 2020, во споредба со март 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 18.9 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2.4 %.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.