Бочварски: Потпишан договорот за изградба на брана “Отиња” во Штип

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска го потпиша договорот за изградба на насипната брана со придружни објекти „Отиња” во Штип.

Инвестиционата вредност на проектот е 306 милиони денари. Средствата се обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт и врски, информираат од кабинетот на Бочварски.

Од таму дообјаснуваат дека рокот предвиден за изведба согласно договорите е 30 месеци. Со овој проект е предвидено да се изведе камено земјена брана со централно глинено јадро со висина од 33 метри.

“ Посебно сум горд на овој проект, бидејки со децении и децении беше најавуван, но денеска официјално ја означуваме неговата реализација.Би сакал да потенцирам дека, претходно и како градоначалник на општина Штип, со тимот од општината, со државните институции, професори, инженери и проектанти, вложивме огромен труд и работа за овој проект да биде реална инвестиција. Денеска, Министерството за транспорт и врски ги потпиша договорите за изведба и надзор. Средствата се обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2021, 2022 и 2023 година. Особено сум горд на овој проект кој беше ветен на Штип и штипјани со кој се создаваат нови можности за развој на регионот”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.