Тренчевска: Трговците кои ќе работат во недела ќе добијат двојна дневница и слободен ден

Работниците за својата работа во недела ќе добиваат дневница повисока за најмалку 50 проценти од редовната дневница, а дополнително, ќе добијат и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена, истакна на прес-конференција, Јована Тренчевска од СДСМ.

Таа го образложи пред медиумите предлог-законот за работнитe односи со чии измени недела ќе биде ден за неделен одмор од први октомври оваа година.

Измените на Законот кои треба да се најдат пред пратениците, предвидуваат недела да биде ден на неделен одмор за сите работници, освен за оние во дејностите каде работниот процес не може да биде прекинат.

„Со измените на Законот за трговија за вработените во трговијата предвидена е двојна дневница и слободен ден, бидејќи се работи за дејност која не може да се прекине“, рече Тренчевска.

„Според направените анализи, со овие измени, недела ќе биде ден за одмор за над 92 отсто од работниците во државата.

Спроведувањето на Законот ќе биде под контрола на Државниот инспекторат за труд, а оние кои нема да го почитуваат ќе се соочат со забрана за работа од 15 дена и прекршочен платен налог.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.