Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15% во однос на минатата недела.

Така, цените на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат половина денар за литар, а литар дизел и екстра-лесното масло за домаќинство ќе се продаваат за цена повисока еден денар.

Малопродажната цена на мазутот, пак, се зголемува 0,348 ден./кг и сега ќе изнесува 35,237 ден./кг.

Од вечерва по полноќ (15 јуни) цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Бензин „евросупер БС-95“: 68,50 денари/литар

Бензин „евросупер БС-98“: 70,50 денари/литар

Дизел „евродизел БС“ (Д-Е V): 61,50 денар/литар

Масло за горење ЕЛ-1: 61 денар/литар

Мазут: 35,237 денари/килограм

Oд Регулаторната комисија информираат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот 1,377 %, дизелот 2,116 %, екстра-лесното масло 2,606 % и кај мазутот зголемувањето е 1,029 %.

Во истиот период, пак, курсот на денарот во однос на доларот е повисок 0,265 %.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.