Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата на Законот за потекло на имот.

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски, во обраќањето на конференцијата за детектирање и намалување на сивата економија изјави дека драфт верзијата е готова ќе биде испратена во Венецијанската комисија.

Законот ќе се однесува на функционерите и граѓаните бидејќи, како што рече Николовски, искуството покажува дека функционерите го препишуваат незаконски стекнатиот имот на други лица, а по завршувањето на функцијата си го враќаат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.