Кремљ: Го исклучуваме гасот поради невиденото непријателство кон Русија

Прекинот на испораката на руски гас за Бугарија и Полска бидејќи не платиле во рубли, како што се бара, е последица на невидени непријателски дејствија против Русија, соопшти денеска Кремљ.

„Поставените услови се дел од новиот начин на плаќање, разработен по невидените непријателски дејствија на економско и финансиско поле, по руската офанзива во Украина“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ова не е уцена“, додаде Песков, реагирајќи на обвинувањата од страна на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека Русија ќе прифати плаќање за испорачаниот гас исклучиво во рубли, како одговор на санкциите воведени за казнување на воената кампања на Кремљ во Украина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.