Маск: Сè уште чекам информации за тоа колку ботови има на „Твитер“

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, на Економскиот форум во Катар изјави дека има уште неколку нерешени прашања во врска со „Твитер“, и дека уште чека информации за тоа колку ботови има на платформата на таа социјална мрежа.

Во интервју за „Блумберг“ на економскиот форум во Доха, Маск рече дека не мисли дека ќе има некакви проблеми во балансирањето на интересите на „Тесла“ во Кина и идното купување на „Твитер“.

„'Твитер' не работи во таа земја, а Кина не се обидува да се меша во слободата на говорот во американските медиуми, колку што знам“, рече тој.

Маск ја пофали и работата на кинеските компании.

„Многу сум импресиониран од автомобилските компании во Кина, од компаниите во Кина воопшто. Мислам дека се исклучително конкурентни, вредни и паметни“, нагласи директорот на „Тесла“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.