Дизелот поевтинува за 3 денари, цената на бензините останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,38 проценти во однос на одлуката од 16 се септември.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,082 ден/кг и сега ќе изнесува 50,391 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Од 20.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 89,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 50,391 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,807%, кај дизелот намалување за 3,978%, кај екстра лесното масло намалување за 2,120% и кај мазутот намалување за 0,908%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,218%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 20.9.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.