Исплатени се субвенциите за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 22 Ноември 2022
Денеска на сметките на 5.525 млекопроизводители се исплатени вкупно 75.671.467,00 денари за мерката 2.3 која ги опфаќа директните плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Исплатите, како што појаснуваат, се однесуваат на предадено млеко во месеците август и септември 2021 година согласно пријавените количини од страна на преработувачките капацитети.
Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта.
Висината на директните плаќања изнесува 3.5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4.5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.
„Со денешната исплата за месеците август и септември ја заокружуваме како целосна исплатата за млекопроизводителите за фазата октомври 2020 – септември 2021 .
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со обработка на барањата за финансиска поддршка од програмата за директни плаќања со што континуирано ќе продолжи и исплатата на мерките“ – информира директорот Бачовски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс