Чаир

Расчистени две големи диви депонии во Чаир

Во скопската општина Чаир, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска расчистиле две големи диви депонии составени од мешан комунален, градежен и кабаст отпад, лоцирани во Топаана и во близина на стадионот во општината Чаир.

„Денеска, во координација со општината Чаир, нашите екипи отстранија огромно количество неправилно одложен отпад на две локации во оваа скопска општина. Во оваа прилика би сакал да апелирам до жителите на градот Скопје својот отпад да не го одлагаат на јавни површини, затоа што секоја година бележиме драстично зголемување на количеството отпад од диви депонии, а во текот на изминатите три години бројките се зголемени дури за десет пати“, изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

Тој воедно порача дека само со правилно и совесно одлагање на отпадот можеме да ја заштитиме животната околина и јавното здравје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.