Чаир

Запечатена кафеана во Чаир во која имало 15 гости и покрај забраната

Затворен е угостителски објект на улицата Џон Кенеди кој работел по пропишаното работно време, а приведени се 15 лица кои биле затеканти од страна на инспекторите.

„На 30.04.2021 во 21.20 часот на подрачјето на Бит Пазар од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода 15 лица, меѓу кои и еден малолетник, сите од скопско, бидејќи биле затекнати како гости при извршена контрола од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат, во содејство со полициски службеници во угостителски објект на ул.„Џон Кенеди“, кој работел после пропишаното работно време“, соопшти МВР.

Од страна на ДПИ објектот е запечатен со пломба и затворен и, а против лицата ќе биде поднесена кривична пријава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.