Чаир

Општина Чаир почна со отстранување на хаварисаните возила од јавните површини

Општина Чаир во соработка со Јавното општинско претпријатие „Шкупи Вјетер“ денеска започна со отстранување на хаварисаните, оштетени и напуштени возила, приколки и слично од јавните површини на територија на општината.

„Претходно беа залепени писмени предупредувања на вкупно идентификувани 75 хаварисани возила и со тоа беше даден рок од 8 дена за нивно отстранување од страна на самите сопственици. По истекот на рокот од 8 дена од страна на општинските инспектори и службите на ЈОП 'Шкупи Вјетер' е направен увид и констатирано е дека 54 возила се веќе отстранети од самите сопственици“, соопштија од општината.

Со акцијата која започна денеска ќе се отстранат останатите 21 хаварисани возила.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.