Чаир

Општина Чаир додели 9.500 имотни листови

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, денеска се сретна со жители на различни населби од Чаир, на кои им додели имотни листови, со што станаа сопственици на нивните домови.

По доделувањето на имотните листови, градоначалникот Ганиу информираше дека Општина Чаир до денес примила 12.000 барања за имотни листови, од кои 9.500 веќе добиле. Со тоа, како што рече Ганиу, Општина Чаир им претходи на сите општини во Република Северна Македонија во делот на решени барања за нови имотни листови и регистрација на имот.

„Општина Чаир успеа да обработи и имплементира над 80 проценти од овие барања и како таква, се смета за рекордер во оваа област“, рече Ганиу.

Правото на приватна сопственост и домување, рече Ганиу, го сметаме за елементарно право на демократијата и државата, и како такви сме прваци во остварувањето на ова индивидуално и семејно право.

„Општината Чаир им обезбеди на 9.500 семејства документи за сопственост преку регулирање на станбениот статус на овие семејства и решавање на овие витални проблеми. Во новиот мандат, процесот на легализација и сопственост на имот ќе биде проблем кој ќе се смета за минато“, рече градоначалникот на Чаир и кандидат за оваа задача во следните четири години Висар Ганиу.

„Сето ова достигнување беше овозможено со Законот за легализација, кој создаде можности за огромното мнозинство жители на Чаир да добијат имотни листови за нивните домови, од кои, некои изградени пред повеќе децении“, изјави Ганиу, заблагодарувајќи се на Секторот за урбанизам на општината за ефикасната работа во текот на сиве овие години.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.