Учениците од ООУ “Невена Георгиева Дуња”, од денес наставата по информатика ќе ја следат во помодерни и посовремени услови. Градоначалникот Ѓорѓиевски го посети ова училиште, каде во функција е ставен новиот кабинет по информатика.
 

Кисела Вода со мерки за сузбивање на булингот

Кисела Вода е првата општина што ќе понуди системско решение за справување со булингот. На денешната одржана седница на локалниот совет за превенција градоначалникот Ѓорѓиевски ја промовира првата од сетот мерки, која од денес им стои на располагање на жртвите од врсничко насилство или на нивните блиски.
 

Дел од улицата Христо Татарчев без вода за пиење

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека, денеска, поради изведување водоводен приклучок ф 100 мм на „Христо Татарчев“ бр. 47 г, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од раскрсницата „Франк Харкорд Манинг“ до „Христо Татарчев“ – кружен тек, „Христо Татарчев“ – крак 2 и дел од „Димо Хаџи Димов“ од 9 часот до завршување со работата (општина Кисела Вода),
 
Продолжува големиот градежен зафат на Општина Кисела Вода за санација на улиците во населбата Драчево. Денес, градоначалникот Ѓорѓиевски ја посети улицата Малешевска, која, поради својата местоположба, важи за една од најфреквентните улици во овој дел од општината, но и покрај тоа, не е темелно санирана од 80-тите години на минатиот век кога била изградена.
 
Акција за косење на нараснатите тревни површини, се одвива низ Општина Кисела Вода.
 
Финализираат градежните активности кои во изминатиов период се одвиваа во урбаниот дел на Кисела Вода. Жителите на населбата 11 Октомври згради, добија преку 100 нови паркинг места со изградбата на нови и реконструкција на постоечките паркинг места. Едновремено, Општина Кисела Вода работеше и на реконструкција на улиците, а ги реконструираше и пристапните рампи до влезовите и изгради пешачки патеки.
 
Од денес Кисела Вода е првата општина каде повозрасните лица, лицата со попреченост или со потреба од придружник за користење на здравствена, социјална, или друга административна услуга, добиваат бесплатен превоз до потребната институција. Ова го содржи договорот потпишан од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и секретарот на Црвен крст на Град Скопје Сузана Тунева Пауновска.
 
Стефан Трпковски од Скопје денешниот ден го започна малку поинаку од досегашните. Со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, го потпишаа договорот за негово вработување и со тоа Кисела Вода го вработи првото лице со Даунов Синдром.
 
Регионалниот центар за управување со кризи Скопје, врз основа на добиените информации од ЈП Водовод и канализцаија, ги известува граѓаните дека пради поврзување од стара на нова мрежа на ул Димо Хаџи Димов раскрсница со ул Антон Попов, прекинато водоснабдување денеска ке имаат корисниците од ул Димо Хаџи Димов и дел од улица Антон Попов од 08.00 часот до завршување на интервенцијата. ( К. Вода)
 
Градонaчалникот Орце Ѓорѓиевски беше во официјална пoсета на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје.
 
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека денеска, поради преповрзување од стара на нова мрежа за улицата Димо Хаџи Димов со раскрсницата со улицата Народни херои, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Димо Хаџи Димов бр: 72 и бр: 74 од 8.30 до завршување на интервенцијата во општина Кисела Вода.
 
Општина Кисела Вода го реобјави меѓународниот конкурс за идејниот лик на градскиот кварт Ј14, попознат кај нашите граѓани како ДУП Расадник. Од денес, па во наредните четири месеци, тој ќе биде предизвик за сите оние што ќе понудат иновативни решенија за квалитетно, одржливо, хумано, здраво живеење и заштита на животната средина за жителите на Кисела Вода, велат од Општината.
 
Градоначалникот Ѓорѓиевски и делегација од Општина Кисела Вода, денес положија свежо цвеќе на споменикот на Кузман Јосифовски-Питу во истоименото училиштето, кое денес го одбележува својот патронат.
 
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека денеска, поради премостување од стара на нова мрежа на улицата Димо Хаџидимов и улицата Михаил и Ефтихиј, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улиците Димо Хаџидимов и Михаил и Ефтихиј.
 
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и полскиот амбасадор Н.Е. Војциех Тицињски, денес го посетија ООУ “Партенија Зографски”. Ова е едно од училиштата во Кисела Вода, за кои Република Полска преку својата амбасада во Македонија, донираше 17 интерактивни табли, со цел унапредување и осовременување на наставниот процес.
 

Детонација пред казино во Кисела Вода

Силен звук, како детонација одекнал 40 минути по полноќ пред казино на улицата Христо Татарчев во Кисела Вода.
 
Клуч, како симбол на отворените врати на Општина Кисела Вода, денес од градоначалникот Ѓорѓиевски добија македонските ракометни судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, кои своевремено беа прогласени и за најдобра судиска двојка во светот во изборот на Светската ракометна федерација (ИХФ).
 
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го посети ООУ „Круме Кепески”.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.