„М“ на Вардан Тозија со проекција на филмскиот маркет во Кан

Агенцијата за филм и оваа година ќе биде присутна на филмскиот маркет кој се одржува од 16. до 27. мај во рамки на Канскиот филмски фестивал каде ќе биде промовирана македонската кинематографија.

Од најновата филмска продукција поддржана од Агенцијата за филм, проекции на маркетот на Канскиот филмски фестивал ќе има вториот долгометражен филм на Вардан Тозија насловен како „М“ во продукција на „Фокус покус филмс“, односно во во копродукција меѓу С. Македонија, Хрватска, Косово и Франција. Станува збор за дистописка бајка, приказна за осумгодишниот Марко кој во суровиот и мрачен свет обземен со таинствен вирус е во потрага по својата мајка.

„М“ | Вардан Тозија | 19. мај (петок) | PALAIS H | 18:15, Фантазија / Драма, 99 мин.

Оваа година на Канскиот фестивал во програмата FOCUS WiP 2023 (Work in Progress) на Cinema Demain, ќе биде претставен и проектот LOYNES на режисерот Dorian Jespers. Филмот е во копродукција на SCUM Pictures и WrongMen од Белгија, FilmGrand8 од Франција, Веда Филм од С. Македонија и LONO Studio од Англија.

„LYONES“ | Dorian Jespers | 23. мај (вторник) | FOKUS WiP 2023 (work in progress) | PALAIS STAGE | 10:00

Краткометражниот филм во режија на Гоце Трајковски, „Досие иднина“, а во продукција на „Слобода филм“ ќе биде дел од каталогот на Short Film Corner и за таа цел, филмот ќе биде достапен во приватна и обезбедена видео-библиотека, до која пристап имаат само акредитирани професионалци кои се заинтересирани за кратки филмови за време на фестивалот. Се работи за драма/мистерија во кој улогите ги играат: Ебру Мусли, Ана Стојановска, Решид Береда.

Покрај овој работен дел, во рамките на Канскиот филмски фестивал, Агенцијата за филм ќе реализира низа активности во насока на афирмација на македонскиот филм на еден од најважните филмски фестивали во светот.

Македонскиот штанд во SEE павилјонот ќе биде место на кое македонската делегација од Агенцијата за филм ќе ги претстави најновите случувања во нашата кинематографија и ќе реализира средби за идни копродукциски соработки. За оваа цел е подготвен обемен каталогизиран и промотивен материјал.

Сите присутни на Филмскиот маркет кои ќе го посетат павилјонот на земјите од Југоисточна Европа (SEE pavilion), а се заинтересирани за потенцијални идни соработки и иницијативи ќе имаат можност да остварат состаноци со претставници од Агенцијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.