Промоција на романот „Увозникот на бели ноќи“ од Трајче Кацаров

Во мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив, на 19 мај 2023 година во 12 часот ќе се одржи промоција на најновиот роман на современиот македонски писател, Трајче Кацаров. На страниците од своето најново прозно дело авторот прави мозаик на ретко возбудливи настани што се случуваат во нашата средина. Романескната структура е проткаена со комични и хумористични елементи, привлечни за широк круг на читатели.

За пораките на делото на Кацаров критички ќе се осврнат д-р Христо Петревски и д-р Марина Мијаковска, а извадоци од изданието ќе читаат Луна Миќевиќ и Кристијан Петковски.

Трајче Кацаров е автор на богат прозен, поетски и драмски опус, за кој е добитник на значајни национални книжевни награди, меѓу кои и на наградите Рациново признание, Григор Прличев, Прозни мајстори и др. Негови дела се преведени на повеќе странски јазици.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.