„И јас сум Сирма“ на Зоран Спасов-Ѕоф за еден месец стана најпродавана книга за 2024 година

Романот „И јас сум Сирма“ на хит-авторот Зоран Спасов-Sоф е најпродаваната книга за 2024 година според податоците на најголемиот издавач во државата „Арс ламина“ и неговиот синџир книжарници „Литература.мк“.

 

Овој контроверзен роман од жанрот историска фикција побуди незапаметен интерес кај широката публика и за еден месец стана бестселер за 2024 година.

 

Да потсетиме дека станува збор за книга со поднаслов: „Лектира, историска читанка и ‘Оче наш’ на секој Македонец“, во која херојката Сирма војвода патува низ времето и е сведок на многу настани од нашата историја, повеќето непознати за читателот. Авторот вели дека ова е „роман што ќе ве натера да плачете и да се смеете на глас, книга што предизвикува болка, љубов и радост“.

 

Заслужни за овој успех се и веб-страницата www.ijassumSirma.mk, големата кампања што ја реализира маркетинг-агенцијата „Медија хаус“, како и спектакуларната мултимедијална промоција, на која присуствуваа повеќе од 1.000 вљубеници во пишаниот збор.

 

Средствата од продажбата на книгата, како и секогаш кога станува збор за делата на Sоф, ќе завршат во добротворни цели.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.