Отворена ликовна изложба слики на платно и скулптури во дрво во Кинотека на Македонија

Ликовна изложба во Кинотека

Во Кинотеката на Македонија денеска беше отворена изложба на дела од Владимир Лазоски и Харалампие Манчев, организирана од Здружението на ликовни педагози на Град Скопје и Детскиот ликовен центар кој е во состав на Кинотеката. Изложбата во галеријата на Кинотека ќе биде поставена до 25 јануари.


Денеска во Кинотека на Македонија се отвори ликовна изложба со ликовни дела слики на платно на Владимир Лазоски и скулптури во дрво на Харалампие Манчев. Оваа изложба се вклопува во одбележувањето на василичарските денови што Здружението на ликови педагози на Македонија ги одбележува повеќе од 20 години. Оваа година двајцата уметници за прв пат учествуваат со свои дела на овој собир за Василица, а се надеваат дека во наредните години свои дела ќе изложуваат и другите ликовни уметници од Македонија. Харалампие Манчев со изработката на скулптури во дрво се занимава 10-15 години и како што вели создава нешто што ќе го привлече вниманието на младите, а на оваа изложба учествува со 13-тина дела.


Владимир Лазоски пак на оваа изложба учествува со дваесетина слики изработени во акрил од циклусот ,,Сонување,, и вели дека секој човек сонува и на свој начин има видувања кои ги претставува преку разни методи.


Изложба во галеријата на Кинотека на Македонија ќе биде поставена до 25 јануари, а денеска ја отвори в.д. директорот на Кинотеката Владимир Ангелов.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.