Изложба на Тања Таневска во Њујорк
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 14 Јуни 2018
Академската сликарка Тања Таневска од денеска ќе има изложба во „Gallery MC“ во Њујорк. Таа се претставува со 61 дело акрил на картон асоцијативни жичани инструменти изработени во последните четири години.
Тања Таневска (1971) е визуелен уметник. По образование е сликар, но нејзиниот препознатлив исказ и исклучителна дарба е за визуелна нарација за истражување преку различни медиуми: слика, скулптура, цртеж, графика, фотографија, уметничка инсталација.
Нејзините дела се изложувани на жирирани национални и меѓународни изложби во светот (21 самостојни изложби и над 230 групни изложби, меѓународни симпозиуми и колонии, студиски престој, учество на хуманитарни манифестации...)
Добитник е на меѓународно признание и национални награди, а дел од нејзиното творештво збогатува значајни колекции во земјата и странство. Живее и работи во Скопје, како наставник во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс