Бугарски превод на македонскиот романот ,,Јадица'' од Владимир Плавевски
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 04 Октомври 2018
Издавачката куќа „Персеј“ од Софија објави бугарски превод на македонскиот роман „Јадица“ од Владимир Плавевски. Превод на книгата ќе биде промовиран вечер од 18:30 часот во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.
Авторот Плавевски вторпат ќе го претстави своето литературно творештво во КИЦ во Софија, а исто така ќе се претстави и со своја изложба.
- Романот „Јадица“ од Владимир Плавевски, во превод на Маријан Петров, е реалистичен и потресувачки роман за ситничарството на човечките души, за предавството, лицемерието и апатијата кои се шират меѓу луѓето со власт, за судбината на малиот човек фрлен во бурната река на животот..., наведува КИЦ на РМ во Софија за книгата на Плавевски која во Македонија ја доби наградата „Роман на годината“.
Плавевски е и автор на театарски фотографии кои вечер ќе бидат изложени во галеријата на КИЦ на РМ во Софија. На изложбата ќе може да се видат фотографии направени во 1970-те, 1980-те и 1990-те години и преставуваат фотографско и авторско документирање на постановки на познати режисери и актерски состави на театарската сцена во Македонија.
Владимир Плавевски (1948) е романсиер, драмски писател, фотограф, режисер, доктор специјалист за уво, грло, нос. Од 2000 година е член на Друштвото на писателите на Македонија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс