Концерт на „Аулос" во Музејот на Град Скопје

Камерниот ансамбл „Аулос“ кој на музичката сцена во Македонија постои десет години, вечер ќе одржи концерт во Музејот на Град Скопје. 

Концертот е во рамки на проектот „Младински музички маратон“, со поддршка од Министерството за култура и Дирекцијата за култура и уметност. 

„Аулос“ на почетокот постоел како специфичен состав и како ексклузивци на Музичка младина на Македонија активно концертирал постигнувајќи врвни и впечатливи резултати. Членови на овој состав се: Марија Јакимовска, Јана Каевска, Тамара Џајковска, Богдана Бушевска.

Членовите на овој состав се студенти и магистрирани музичари на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Страшо Темков (флејта) и професор Гордана Јосифова Неделковска (камерна музика). Покрај заедничките настапи, членовите на овој состав настапуваат самостојно на голем број концерти во и надвор од нашата држава, а носители на голем број награди и признанија.

Како специфичен состав на флејти е извондреден на музичката сцена во Македонија, за која се пишувани дела и им се посветуваат дела од македонски автори како Кокан Димушевски. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.