Кинопремиера на „Бикини Мун“ во Њујорк

Филмот „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски имаше кинопремиера во Њујорк во петокот, каде што присуствувале и дел од актерската екипа на чело со актерката Кондола Рашад, која ја игра насловната улога, и Вил Џеновиц и Сатја Сридхаран.

 

Како што соопшти продуцентската куќа „Банана-филм“, режисерот Манчевски во Њујорк дошол само на 48 часа специјално за премиерата, затоа што во Македонија интензивно се подготовува пред почетоткот на снимањето на неговиот нов филм „Врба“.

 

- Се радувам што „Бикини Мун“ се врати дома, откако го сврте светот од Бразил, преку Европа до Шангај. Сакав лично да дојдам на њујоршката премиера макар и на 48 часа, оти сметам дека така најубаво ќе ја завршам таа приказна пред да почнам да го снимам „Врба'“, изјави  Манчевски.

 

Манчевски и Кондола Рашад имале и заеднички гостувања и интервјуа во ТВ-емисии, а објавени се и голем број рецензии во медиумите.

 

„Без оглед дали ќе си заминете на половина, или 'Бикини Мун' ќе го гледате двапати - а обете се валидни реакции на овој филм - ќе ви се чини дека режисерот Милчо Манчевски ќе биде задоволен. Тој направил филм за да ве провоцира, пишува во рецензијата на  „Њујорк тајмс“.

 

„Бикини Мун“ е првиот американски филм на Манчевски, кој беше снимен во Њујорк. Светската премиера беше во Бразил, на фестивалот во Сао Паoло, а потоа во Португалија ја освои специјалната награда на жирито. Беше прикажан и на фестивалите „Синеквест“ во Сан Хозе, Калифорнија, Белград и Софија, Истанбул, Франкфурт, Нешвил, Менхетн, Шангај, Сарасота...

 

Македонската премиера на филмот беше на 22 март во Скопје, а потоа играше и во кината низ Македонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.