„Охридско лето" ќе соработува со Љубљански фестивал

Фестивалот „Охридско лето“ и Љубљанскиот фестивал ќе соработуваат и заемно ќе преговараат со големи светски имиња од класичната музика. 

 

Директорката на „Охридско лето“ Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот одбор на фестивалот Нина Момировска во рамки на работната посета на Словенија вчера во Љубљана имаа средба со Дарко Брлек, директор на Љубљански фестивал.

 

На средбата биле разменети искуства и идни планови и проекти на двата фестивала. Поповиќ и Брлек договориле заемна соработка и заемно преговарање со големите светски имиња од светот на класичната музика. 

 

Големиот вљубеник во класичната музика, кој 27 години раководи со Љубљански фестивал, на средбата најавил негово присуство на наредното, 59-то издание на „Охридско лето“, информираат од дирекцијата на фестивалот.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.