Канцеларијата за Креативна Европа – Култура ќе го презентацира проектот „Проекти за соработка“

Во Музејот на современа уметност во Скопје денеска ќе се одржи работна сесија посветена на повикот за апликација за средства за категоријата „Проекти за соработка“ во организација на Канцеларијата за Креативна Европа – Култура во соработка со Канцеларијата за Креативна Европа – Култура на  Република Србија. 

 

Во рамки на фестивалот за „Европска литература“ во соработка со издавачката куќа „Антолог“ од Скопје утре во Домот за занаетчии во Куманово ќе се одржи Панел дискусија за „Програмата Креативна Европа – Проекти за литературни преводи и Европската награда за литература“. На панел дискусијата ќе учествуваат претставницте на Канцелариите за Креативна Европа – Култура од Македонија и Србија, добитницте на Европската награда за литература, Џемал Уаирјачи од Холандија и Офејгур Сигурдсон Исланд и претставници на издавачкиот сектор од нашата земја.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.