Филмот „Аквамен" со заработка од 822 милиони долари на светско ниво

Суперхеројската акција „Аквамен" снимен по истоимениот стрип на Ди-си Комикс, досега оствари заработка од 822 милиони долари на светско ниво. Со тоа, филмот ја надмина и „Жената чудо" од минатата година, која досега заработи 821 милион долари.

 

„Аквамен" надвор од САД заработи 560 милиони долари, од кои 260 милиони само во Кина. Филмот се прикажува и во Македонија.

 

Режисер на филмот е Џејмс Ван, сценариото е на Дејвид Џонсон-Мекголдрик и Вил Бил, а во главните улоги се појавуваат Џејсон Момоа, Ембер Хард, Вилем Дефо, Никол Кидман, Долф Лунгрен и други. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.