All for Joomla All for Webmasters

Концерт „Диско треска" по повод Василица

 „Диско треска" („Disco Fever") е гала концертот што по повод празникот Василица ќе биде изведен на 12 и 13 јануари годинава, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет.

 

Диригент на концертот е Бисера Чадловска, а режисер Дејан Прошев. Публиката ќе може да ги слушне најдобрите диско хитови  од 70-тите години од минатиот век во целосно нови симфониски аранжмани. Ќе бидат изведени хитовите „Staying Alive", „Night fever", „Hot stuff", „Upside down", „Ain't nobody", „Dancing queen", „That's the way like it", „Don't stop till you get enough" и многу други популарни хитови на Gloria Gaynor, Donna Summer, ABBA, Bee Gees, Michael Jackson, Boney M и останати диско изведувачи  во живо со оркестарот и балетот на МОБ.

 

На концертот ќе настапат Дани Димитровска, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Александра Јанева, Елена Петреска, Маја Саздановска, Лина Пејовска, Александар Тарабунов, Ана Мицковска, Горан Наумовски, Полина Тасева, Лена Заткоска-Маротова, Лина Авшар. Специјален гостин е Кире Ѓоревски. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.